вторник, март 24, 2009

Македонска криминална хроника

Раз­бој­ник краде обетки од уши на повозрасни жени

Не­поз­нат напаѓач, за половина час, во скопската населба Карпош нападнал две по­воз­рас­ни жени, на кои насилно им ги скинал обетките од уши и избегал. По неговото бегство нападнатите жени, кои имале повреди на ушите, случајот го при­ја­ви­ле во полиција кој извршила увид и трага по непознатиот насилен разбојник.
Пр­ви­от напад разбојникот го извршил завчера во 13,30 часот, на улицата Иво Лола - Ри­бар. Додека К.Т. (73) се движела по улицата, напаѓачот видел дека таа носи златни обет­ки, по што $ се приближил од зад грб, набрзина ја фатил за двете уши и почнал да ја тегне за обетките. Од силното влечење, тој $ ги расцепил ушите, по што и ги из­ва­дил обетките и избегал. Нападнатата жена преплашена и со болки случајот го при­ја­ви­ла во полиција.
По­ло­ви­на час подоцна, напаѓачот отишол на улицата Анкарска. Таму на ист начин ја на­пад­нал О.Б. (82), од која, исто така, насилно одзел чифт обетки кои таа ги носела на се­бе, вредни околу 4.000 денари. Како што изјавија вчера во МВР, имаат можен осомничен напаѓач и по него се трага. (П.А.Л.)


добави в svejo.net добави в dao.bg добави в ping.bg добави в web-bg.com добави в dobavi.com добави в pipe.bg добави в lubimi.com

Няма коментари: