Разбојник краде обетки од уши на повозрасни жени
Непознат напаѓач, за половина час, во скопската населба Карпош нападнал две повозрасни жени, на кои насилно им ги скинал обетките од уши и избегал. По неговото бегство нападнатите жени, кои имале повреди на ушите, случајот го пријавиле во полиција кој извршила увид и трага по непознатиот насилен разбојник.
Првиот напад разбојникот го извршил завчера во 13,30 часот, на улицата Иво Лола - Рибар. Додека К.Т. (73) се движела по улицата, напаѓачот видел дека таа носи златни обетки, по што $ се приближил од зад грб, набрзина ја фатил за двете уши и почнал да ја тегне за обетките. Од силното влечење, тој $ ги расцепил ушите, по што и ги извадил обетките и избегал. Нападнатата жена преплашена и со болки случајот го пријавила во полиција.
Половина час подоцна, напаѓачот отишол на улицата Анкарска. Таму на ист начин ја нападнал О.Б. (82), од која, исто така, насилно одзел чифт обетки кои таа ги носела на себе, вредни околу 4.000 денари. Како што изјавија вчера во МВР, имаат можен осомничен напаѓач и по него се трага. (П.А.Л.)
вторник, март 24, 2009
Македонска криминална хроника
Абонамент за:
Коментари за публикацията (Atom)
Няма коментари:
Публикуване на коментар